Секојдневното туширање е штетно за здравјето

Научниците сметаат дека секојдневното туширање не е добро за нашето здравје, оти тоа ги уништува бројните добри бактерии. Во текот на зимата можеби и може да замислиме ден без туширање, но на лето тоа изгледа невозможно.

Научниците од генетичкиот научен центар од Универзитетот во Јута велат дека со секојдневното туширање се нарушува микробиолошкиот екосистем на бактерии, вируси и други микроорганизми кои живеат на нашата кожа. Тоа може да доведе до слабеење на имунитетот, проблеми со варењето на храната, па дури и кардиоваскуларни болести.

Истражувањето покажало дека на добрите бактерии на нашата кожа негативно делуваат различните гелови за туширање и козметичките производи. Тие сепак немаат одговор на тоа колку често треба да се тушираме за да не ја загрозиме природната рамнотежа.

Scroll to Top