Секс совети: Жените повеќе уживаат во секс по 35-та година

Истражувањето покажало дека жените постари од 35 години најмногу уживаат во сексот. Причината е, како што тврдат научниците, подобро го познават своето тело, желби и потреби.

Поради тоа ви ги претставуваме малите женски правила кои сите дами треба да ги совладаат до 35-та години од животот.

  1. Го правитетоа што сакате

Задоволството кое сексот може да го донесе е неверојатно, но само ако го работите она што ви одговара. Не треба да ви биде срам да го одбиете она што не го сакате, но исто така и не треба да се воздржувате од пробување на нови работи.

 

  1. Експериментирањето не е табу

Довербата меѓу партнерите кои се во долга врска и тоа како може да влијае на квалитетот на сексот.  Кога луѓето доволно се познаваат, малите експерименти во сексот се повеќе од добредојдени. Испробајте, комбинирајте, уживајте!

 

  1. Никогаш никаде без заштита

Освен од непосакувана бременост, заштитете се и од полови болести кои во последно време ги има повеќе од што мислиме. Тоа посебно се однесува на новите врски и новите интимни работи.

 

  1. Го сакасвоето тело

Телото во 20-те години од животот е преубаво и затоа не треба да се штедите. Женската силуета е многу моќно оружје на кое не може да одолее ниеден маж, па затоа поиграјте си со сопствениот сексапил и уживајте во она што го имате бидејќи подоцна ќе се каете што не сте го направиле.

 

  1. Не брзате никаде

Сексот може да биде многу интересен и може да трае цел ден и цела ноќ. Но, не е се во самиот сексуален чин, туку во многу ситници пред и по него. Играта на заведување, топлата предигра, жешките паузи, мазењето по сексот…Можностите се разни, интересни и забавни. Уживајте во сексот истражувајќи ги своите желби и потреби!

Scroll to Top