Семките од лубеница го штитат срцето

Семките од лубеница можат да имаат многу придобивки за здравјето на луѓето. Препорачливо е да се јадат одделно од плодот, за максимална ефикасност.

Тие се полни со витамини

Иако сега можеме да ги најдеме во текот на целата година, најдобро е да ги јадеме на лето, бидејќи тогаш содржат најмногу хранливи состојки. Лубеницата покрај вода и шеќер, содржи и витамини А, Б1 и Б2, Ц, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо и цинк.

Тие се најдобри прочистувачи

Лубеницата одлично го прочистува организмот, а најновите истражувања откриле дека семките од лубеница се исто така добри за здравјето. Но важно е да ги јадете одвоено од плодот за да ги извлечете најдобрите состојки: протеини, витамин Б, магнезиум и здрави масни киселини.

Содржат протеини

Во 20 грама семки има дури 10 грама протеини, а овие состојки се многу важни за одржување здраво ниво на холестерол, делуваат антивоспалително и го штитат срцето. Во Кина, овие семки се пржат и јадат како грицки. Тие се многу здрави, корисни за лекување на бубрезите.

Тие се одлични диуретици

Чајот од свежи семки од лубеница е одличен диуретик, а можете да го подготвите така што ќе издробите четири лажици свежи семки од лубеница, па ќе ги загревате 15 минути во два децилитра вода. Таа количина на чај треба да ја испиете за два дена, а третиот ден направете пауза. За подобро да ви делува чајот од семки од лубеница, повторувајте го овој процес неколку недели.

Scroll to Top