Шест здрави масни производи кои треба да ги консумирате

Кога сакаме да ослабеме, прво се одрекуваме од мастите.

Но не знаат сите дека мастите му се потребни на телото за да може правилно да функционира. Едноставно морате да одберете здрави масни производи. Погледнете ги изненадувачките производи кои содржат здрава маснотија, која вреди, па дури и треба да се јаде.

Овесна каша

Дали сте знаеле дека овесната каша содржи масти? Овесот содржи 7% масти. Тоа е, секако, здрава маст, највредна и неопходна за правилно функционирање нашето тело поради својот хемиски состав. Овесот содржи есенцијални масни киселини кои телото не може само да ги произведе. Овие киселини спречуваат создавање на крвните згрутчувања и играат голема улога во превенцијата и лечењето на атеросклероза.

Според најновите научни истражувања, олеинската киселина која исто така се содржи во овесните производи штити од рак. Најновите истражувања на научниците од Американското хемиско друштво, докажано е дека овесот е единствена житарка која обезбедува авентрамиди, биоактивни супстанци кои спречуваат создавање масни наслаги во крвите садови т.е. штитат од атеросклероза, како и од срцев и мозочен удар.

Авокадо

Многу луѓе го нарекуваат „суперхрана“, иако содржи многу калории. Главната состојка во авокадото се мастите. Има околу 20-30%. Авокадото има многу калории, околу 221 kcl во 100 грама, меѓутоа, не треба да се одречете од него, затоа што има многу драгоцени својства кои го унапредуваат здравјето и може дури и да ги поддржи оние кои се на диета за слабеење. Мастите кои ги содржи главно се незаситени масни киселини кои го смалуваат холесторолот во крвта, го смалуваат ризикот од атеросклероза и го подобруваат метаболизмот. Дури, навистина ви помага во губењето килограми.

Посебните фитонутриенти содржани во авокадото помагаат во смалувањето на крвниот притисок и смалувањето нивото на лошиот холесторол. Покрај тоа, незаситените масни киселини содржат линолна и олеинска киселина. Овие киселини имаат благотворно влијание врз хидратацијата на кожата и имуниот систем. Во авокадото во поеднакво големи количини можеме да пронајдеме витамини (витамин К, витамин Б6 и витамин Ц), како и микроелементи (бакар).

Исто така е вредно да се знае дека поради присуството на олеинската киселина, авокадото помага при регулирањето на нивото на холесторол. Калиумот содржан во него помага во одржувањето на нормален крвен притисок.

Темно чоколадо

Чоколадото со високо количество на чоколадо помага при стимулацијата на производство на допамин и серотин и е извор на здрави, билни мононезаситени масни киселини, вклучувајќи ја олеинската киселина. Количеството масти во чоколадото е високо – 40 грама темно чоколадо со 85% какао (од 4 до 7 коцки) е скоро 227 kcl и 12 грама заситени масти (што е околу 60% од дневната норма).

Меѓутоа, вреди да го консумирате во разумни количини. Покрај здравите билни масти, чоколадото содржи и многу антиоксиданти и минерали како што е магнезиумот, калциумот, калиумот, како и витаминот Б. Благодарение на количеството на теобромин и кофеин, тој ја поттикнува работата на мозокот и може да има благо стимулативно својство, поради што се смета за една од најдобрите ужинки за оние кои работат психичка работа.

Јајца

Едно јајце содржи околу 10% масти, меѓутоа, уделот на здравите незаситени масни киселини во однос на заситените масти е 2:1 во јајцето. Што значи дека не мораме да се плашиме од високиот холесторол – мононезаситентеи и полинезаситените масни киселини помагаат при одржувањето на неговата соодветна концентрација во крвта и благотворно влијаат врз телото.

Незаситените масни киселини дополнително ја подобруваат апсорпцијата на основните витамини и минерали во телото. Се верува дека помага и во одржувањето на здравата телесна тежина. Покрај тоа, истражувачите се сомневаат дека линолеинската киселина може да влијае врз метаболизмот и помага при забрзувањето на базалната брзина на метаболизмот.

Семки од тиква

Тие се еден од најдобрите извори на омега-3 на билна база (ALA). Четвртина шолја семки од тиква може да содржи речиси половина од препорачаната дневна количина на магнезиум, која меѓу другото, учевствува во беспрекорното функционирање на срцето, а влијае добро и врз состојбата на коските и забите, ги шири крвните садови, влијае на добро функционирање на цревата. Важно – семките треба да се јадат сирови.

Ореви

Тие се еден од најневеројатните прехранбени производи. Полни се со влакна, хранливи материи и здрави масти за срцето. Не содржат шеќер, туку само минимална количина на јаглени хидрати. Тие спаѓаат во најздравите грицки и неопходни се во секојдневната исхрана. Одличен извор на незаштитени масни киселини. Се консумираат во умерени количини како грицки, се препорачуваат во текот на диетата за слабеење.  Дневната порција може да биде околу 30 грама или „една рака“.

Во поглед на здравствените својства, оревите ги надминуваат сите останати јаткасти плодови. Содржат двократно повеќе антиоксиданти од било кои други јаткасти плодови. Тие исто така се и единствени кои содржат омега-3 масни киселини.

3 ореви ја покриваат дневната потреба за овие киселини. Незаситените масти кои се содржани во оревите, вклучувајќи го омега 3 и додавањето фосфор и магнесиум, влијаат врз брзината на преносот на импулс во мозокот и го зголемуваат бројот на врските измеѓу неуроните. Редовното користење на ореви помага при спречувањето на срцеви болести, дијабетес тип 2, па дури и некои врсти на рак.

Scroll to Top