Што им поминува низ главата на мажите кога ќе ја видат жената гола?

Голото женско тело има хипнотизирачка моќ над мажите. Кога жената ќе се соблече пред нив, забораваат на сè друго и сакаат да се препуштат само на сопственото уживање, но и уживањето на партнерката. А што им поминува на мажите низ главата кога ќе ја видат жената гола?

Многу жени мислат дека нивните партнери само размислуваат за несовршеностите кога ќе го видат нивното голо тело, но мажите не мислат така. Во продолжение прочитајте што им поминува низ главата во тој момент.

1. Остани кул

Кога жената ќе се соблече пред мажот, без разлика на тоа колку пати ја видел таа глетка, сè што е во неговото тело подивува. Се забрзуваат отчукувањата на срцето, крвта им се спушта во ципите, им се поматува во главата и не може трезно да размислуваат. Не сакаат да остават впечаток дека никогаш претходно не виделе гола жена поради што се трудат да останат кул и прибрани. А всушност, веднаш би почнале да викаат од среќа и возбуда.

2. Обиди се да се воздржиш…

Мажите постигнуваат оргазам побргу од жените, што не значи дека само дека мораат дополнително да се потрудат, туку и да го одложат сопственото задоволство за задоволството на жената. Затоа, иако попрво диво би воделе љубов, понекогаш мора да водат љубов во побавно темпо, со што, барем така се надеваат, ќе успеат да доживеат оргазам во исто време.

3. Кога би знаел барем што сака да направам

„Немојте да се плашите да не насочите барем малку. Нашата работа е многу полесна доколку ни дадете повратна информација. Шепнете ни ги на уво своите желби, ставете ги нашите раце онаму каде што сакате да бидат, преземете ја контролата и покажете ни што ве возбудува“, им порачуваат мажите на жените.

4. Баш сум среќник

Мажите, едноставно, ги преплавува чувството на благодарност кога жената ќе ја видат гола.

5. Поради што таа воопшто би можела да се почувствува несигурно?

И мажите имаат свои несигурности, но и понатаму е тешко да се разберат женските кочници кога тие се толку маѓепсани од женските тела. Ако жената ги покрива градите со рацете, се крие под ќебето и не може потполно да се опушти, вистинскиот маж ќе направи сè за таа да се чувствува добро. Тие несигурности не им сметаат на мажите, но подраго им е доколку жената горделиво ја покажува целата своја убавина.

Scroll to Top