Срцевиот удар честопати може да заврши со смрт, па затоа лекарите велат дека секој треба да внимава на сигналите што му ги дава телото. Првите симптоми на срцев удар, велат тие, се појавуваат еден месец претходно. Симптоми на инфаркт се тешко дишење, долготраен замор, неправилна работа на срцето. Кај мажите се јавува и проблем со ерекцијата. Но, најсигурни знаци за инфаркт се притисок во градите и малаксаност.
Доколку почувствувате дека имате неколку од овие симтоми, веднаш одете на лекар, советуваат докторите.