Слабејте со напивка од мед и цимет

Напитокот од мед и цимет го забрзува метаболизмот, па помага да се ослободите од вишокот килограми. За негова подготовка ви требаат две големи лажици мед, една голема лажица цимет и 250 милилитри вода.

Начин на подготовка:

Можете да ги промените препорачаните количини, но важно е размерот да е секогаш 2:1. Зовријте ја водата и прелејте го циметот. Покријте го садот и оставете го да отстои додека не остине. Додека е течноста млака, додадете го медот. Никогаш не ставајте мед во зовриена вода бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи.

Испијте половина од пијалакот пред спиење и оставете ја другата половина во фрижидер, па испијте ја наутро, без претходно загревање. Важно е пијалакот да го пиете на празен стомак, само тогаш има ефект.

Scroll to Top