Смирете го воспалението на синусите со домашен чај од мед и јаболков оцет

Воспалението на синусите настанува кога тие се полни со слуз и течност, а во нив најчесто има бактерии. Ако имате воспаление на синусите, како симптоми може да се појават силни главоболки, губење на мирисот, кашлање, замор, треска, течење на носот и болки во носната шуплина. Сепак, нутриционистите препорачуваат домашен чај од јаболков оцет и мед кој ќе ви помогне да ги смирите симптомите на воспалението.

Чајот се прави од половина чаша вода, 1/4 чаша јаболков оцет, една лажичка мед, една лажичка црвен пипер и еден цеден лимон.

Водата прво треба да проврие. Потоа додадете го јаболковиот оцет и оставете да се излади. Додадете ги пиперот и медот, измешајте и на крај во смесата додадете го цедениот лимон. Измешајте добро. Пијте наутро пред појадок и навечер пред спиење.

Состојките се за една доза, која се пие наеднаш. Пијте го пијалакот неколку денови или по потреба

Scroll to Top