Со млеко против несоница

Топлото млеко со мед и цимет ја намалува несоницата. Ова го покажало едно скорешно испитување, каде испитаниците биле поделени во две гфрупи. Првата група пиеле млеко пред спиење, втората група не. Резултатите покажале дека оние што пиеле млеко со мед и цимет заспивале побрзо и полесно.

Млекото треба да е топло, и во него да додадете 1 лажица мед и малку цимет. Ако не сакате да пиете благо млеко, можете наместо мед и цимет, млекото можете да го зачините со многу малку куркума или со ѓумбир. Освен кравјо млеко, можете да пиете кокосово, бадемово или соино млеко.

Важно е млекото да го пиете топло и најмалку половина час пред спиење.

Scroll to Top