Солена вода против затнат нос и болно грло

Солената вода одамна се користи како природно средство против затнат нос. За испирање на затнат нос, потопете една четвртина лажичка сол во шолја топла вода, измешајте и со помош на шприц или прскалка од капки за нос исплакнете ги двете ноздри.

Солената вода помага и пртив воспалението на грлото. Таа ги одржува дишните патишта влажни и ги прочистува бактериите. Ако имате воспаление на грлото, исплакнете го со солена вода – ставете половина лажичка сол во една шолја топла вода.

Иако многумина користат топла вода од бојлер, подобар избор е дестилирана или зовриена вода.

Scroll to Top