Совети како полесно да заспиете на горештините

Повеќето луѓе имаат проблем да заспијат во лето. Топлото време и високите температури се честа причина за несоница. Но, постојат неколку трикови со кои ќе можете полесно да заспиете.

  • Секогаш затворајте ги прозорците и затемнете ја собата преку ден за топлината да не навлезе во неа.
  • Не јадете многу протеини бидејќи тие дополнително го загреваат организмот и го забрзуваат метаболизмот. Исто така, три часа пред спиење не е препорачливо да се јаде лута храна.
  • Постелнината може да се стави неколку минути во замрзнувач, а покрај колената, зглобовите и лактите имајте шише со ладна вода.
  • Секогаш вежбајте наутро, а не пред спиење.
  • Измијте ги стапалата со ладна вода пред да си легнете.
  • Држете ги стапалата над прекривката.
Scroll to Top