Зимата и студените денови се непријатели на здравјето, а вирусите и инфекциите се опасни за ослабениот имунитет. Посебно во пандемијата годинава треба да се практикуваат некоки совети за здравјето …
Релаксација како терапија за ослободување од стресот
Покрај студеното време, овој период од годината е карактеристичен и по депресивноста што ја носи со себе. Затоа што повеќе време треба да се посвети на релаксирани моменти за да се намали стресот.
Здрав сон по 8 часа дневно
Спиењето по осум часа дневно е оптимално време за организамот да се одмори и да биде полн со енергија, освен ова спиењето е особено важно за одржување на имунитетот на организамот, што би помогнало во одбраната од многуте сезонски и коронавирусот, кои демнеат во зимските денови.
Кафето заменето со чај
Секојдневното пиење чаеви помага во одржување на температурата, течноста ја подобрува циркулацијата и овозможува подобро да се поднесат ниските темперетури. Оптималната дневна количина би била околу литро чај дневно.
Намирници кои содржат цинк
Употребата на јадења богати со цинк е особено важна во зима за правилното функционирање на организмот. Јадења кои се особено богати со цинк се: црвено месо, риби, рибни производи, ореви, бадеми и сл.
Помали оброци, почесто на ден
Јадењето почесто, но помалку, е важно за зачување на енергијата во организмот, бидејќи внесувањето храна во поголеми количини го принудува организамот да потроши поголемо количество енергија за нејзино варење, што го исцрпува организмот.
Спорт и пешачење
Спортувањето секогаш позитивно влијае на здравјето. Два пати неделно се доволни за одржување на кондицијата, а во деновите кога времето е убаво прошетката треба да биде прва на листата на активности.