Создаден лек што лекува грип за еден ден

Јапонската компанија „Шионоги“ тврди дека создала лек што дејствува посилно и подобро од сите познати лекови против грип. Според нив, само една доза е доволна за ефикасно да се уништи вирусот во еден ден. Лекот се вика Baloxavir marboxil.

Минатата година била извршена третата фаза од клиничкото истражување, а вирусот кај пациентите исчезнал во рок од 24 часа. Испитаниците кои го земале најдобриот лек против грип кој досега постои морале да почекаат 72 часа тој да го победи вирусот, а оние кои добивале плацебо, чекале 96 часа. Предност на новооткриениот лек е што е доволна само една доза за да се убие грипот, а од споменатиот досега најдобар лек против грип се потребни 10 дози.

Според „Шионоги“, брзината во дејствувањето на новиот лек би можела да биде клучна да се спречи ширењето на вирусот. Во моментов, новиот лек има зелено светло за употреба во Јапонија. Некои медиуми пишуваат дека наскоро ќе го прифатат и САД и Европа.

Светските податоци велат дека сезонскиот грип годишно убива 650.000 луѓе.

Scroll to Top