Според оптимистичкото сценарио, пандемијата може да трае уште шест месеци

Пандемијата на Ковид-19 може да заврши за шест месеци според најоптимистичкото сценарио или за една година според песимистичкото, изјави заменик-директорот за клинички и аналитички работи на рускиот Централен научно-истражувачки институт за епидемиологија, Наталија Пшеничана.

Според неа, лани во април , научниците дадоа предвидувања засновани на математички пресметки и предупредија дека епидемијата ќе трае најмалку 18 месеци или две години, а тие предвидувања се исполнети досега, пренесуваат руските агенции.

“Според оптимистичкото сценарио, пандемијата може да трае уште шест месеци. Најпесимистичкото сценарио предвидува дека пандемијата ќе заврши за околу една година”, рече Псенична.

Таа повтори дека за тоа колку ќе трае пандемијата зависи од однесувањето на луѓето, односно од почитувањето на пропишаните норми на однесување.

Scroll to Top