Едно истражување на американски научници, во кое биле вклучени луѓе кои имаат дијабетес тип 2, покажало дека стресот и депресијата го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Ризикот бил најголем за лицата кои истовремено биле погодени и со стрес и со депресија. Кај тие испитаници ризикот за смрт од болести на срцето и крвните садови бил двојно поголем.
Резултатите објавени во стручното списание Diabetes Care се темелат врз основа на следење на состојбата на 22.000 возрасни испитаници, кои биле на просечна возраст од 64 години.