СЗО ја предупреди Русија да биде претпазлива со вакцината за Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните правила за вакцината против Ковид-19 откако од таму објавија дека во октомври ќе почнат со вакцинирање.

„Понекогаш индивидуалните истражувања покажуваат дека пронашле нешто, што, се разбира, само по себе, е добра вест. Но, има голема разлика меѓу изум или мислењето дека имаш делотворна вакцина, како и нејзиното минување низ сите фази“, рече портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Минатата недела руската влада соопшти дека се подготвува да почне со масовно вакцинирање. Сепак, руската вакцина не е на листата на СЗО од 6 вакцини што стигнале до третата фаза на клиничкото тестирање, кое вклучува и пошироко тестирање врз луѓе.

Scroll to Top