Темјанот одличен за луѓе заболени од астма, настинки и алергии

Иако поседува многубројни лековити својства, повеќето луѓе не знаат премногу за темјанот. Во древната ајурведска медицина темјанот со векови се користел за лекување на артритисот. Се користел за лекување рани, регулирање на хормоналниот статус кај жените и за заштита од патогени микроорганизми.

Според верувањето на ајурведата, секојдневното користење на темјанот во домовите носело добро здравје за домаќинствата. Во земјите од Блискиот Исток одамна го користат за одржување на усните шуплини и за подобрување на здравјето на забите.

Антимикробните својства што ги поседува темјанот доведуваат до спречување разни инфекции. На Западот темјанот најмногу е познат по антиинфламаторните својства. Темјанот е ефикасен и во ублажувањето на болката што е предизвикана од артритисот, без предизвикување нуспојави.

Ја подобрува циркулацијата, односно протокот на крвта низ крвните жили кои се оштетени за време на воспаленијата. Истражувањата потврдиле дека екстрактот, темјановиот ацетат, го намалува невролошкото оштетување, дејствува против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести во крвните жили.

Во ароматерапијата се користи за ослободување од стресот, напнатоста, хистеријата и депресијата. Бањата од масло од темјан помага кај менструалните болки и воспалените мочни патишта. Терапијата со масло влијае и на дишните патишта. Помага кај луѓето заболени од бронхитис, астма, синуситис, чести настинки и алергии.

За да се постигне вистинскиот ефект, потребно е на раката да ставите малку масло и да вдишувате неколкупати дневно. Одличен е и за инхалација. Во еден литар жешка вода ставете една лажичка тинктура од темјан.

Добро упатените тврдат дека маслото од темјан може да помогне во лекувањето или ублажувањето на ‘рчењето. Се мачка на вратот, градите и на подрачјата околу носот. Маслото се нанесува концентрирано во веќе разредено базично масло или вода.

Иако нема познати контраиндикации, темјанот и неговите препарати би требало да го избегнуваат хипертоничари, трудници и доилки.

 

 

Scroll to Top