Темното чоколадо помага против депресијата

Tемното чоколадо има бројни предности, но научниците од Универзитетот во Лондон дошле до уште едно откритие – тоа содржи психоактивна состојка која создава исто чувство како користењето канабис. Оваа состојка е фенилетиламин, невромодулатор кој помага при регулирањето на расположението, односно ја намалува депресијата и нè прави среќни.

Во склоп на студиите спороведени врз 13.626 лица, оние кои изеле само 15 грама темно чоколадо имале 70% помала веројатност дека ќе станат депресивни. Сложената комбинација на флавоноидот во темното чоколадо може да помогне во борба против депресијата. Авторката на студијата, д-р Сара Џексон, пишува дека студијата „дава некакви докази дека консумирањето чоколадо, особено темното, може да ги намали симптомите на депресија“. Меѓутоа, таа додава дека потребни се повеќе истражувања. за подетални резултати.

Сепак, мора да знаете дека со чоколадото, како и со многу други намирници, не треба да се претерува бидејќи тоа може да штети. Препорачливо е да се јаде во ограничени, нормални, количини.

Scroll to Top