Овој 20-минутен интензивен тренинг се состои од ефикасни вежби за затегнување на задникот. Не е потребна никаква дополнителна опрема, но доколку имате тегови во облик на стегачи би имале уште поголем ефект од нив. Тренингов е идеален за практикување дома.
„Ова е нов тренинг за согорување на мастите и обликување на задникот, што е искрено мојот нов омилен тренинг на сите времиња. Супер е интензивен, времето поминува како никогаш порано, а вежбите ги топат мастите. Овој тренинг посебно се фокусира на задникот, но и со редовно практикување не дозволува формата на нозете и бутовите да се промени и мастите да останат во телото“, напиша професионалниот тренер, Мери Браун.