Оваа вежба нема да ви одземе многу време, а е многу ефикасна и лесна.
Вежбата Side Lunge (страничен ланџ) е идеална за да направите совршен и затегнат задник. Може да ја правите и додека гледате филм, слушате аудиокнига или учите нов јазик. Колку повеќе ја правите, толку повеќе ќе бидете пофлексибилни и ќе имате кондиција. Исто така, одлична е и за нозете.
Најдобро е да ја правите два-три пати неделно по неколку серии на двете страни.