Јапонската метода со помош на која ќе се ослободиме од масните наслојки на стомакот и болките во грбот е техника што користи само крпа. Со оваа метода се добива потенка половина и подобро држење на телото.
Творецот на методата е јапонскиот доктор Тошики Фукуцуџи. Оваа едноставната вежба налага да легнеме на грб со замотана крпа, поставена директно под половината и да лежиме така само пет минути.
Крпата се преклопува и се прави како ролна, што ќе биде поширока од ширината на грбот, а потоа се прицврстува со лента. Откако ќе легнеме на подот и крпата треба да ја ставиме веднаш под половината. Стапалата треба да бидат разделени во ширина на рамената, а прстите свиткани така што само палците да се допираат. Рацете треба да ги ставиме над главата со дланките свртени кон подот и да ги собереме малите прсти на левата и десната рака.
Во оваа положба треба да останеме пет минути и да ја повторуваме трипати на ден.