(Видео) Ни се заканува ковид мутант од Индија, доктор Гњатовиќ открива кои луѓе ќе мора да ја примат третата доза вакцина

Д-р Марија Гњатовиќ од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија, вели дека постојат неколку категории на луѓе кои веројатно ќе треба да ја примат и третата доза на вакцина против корона, ако имунолошкиот одговор на првите две дози не е адекватен, пишува Курир.рс.

„Станува збор за луѓе кои одговориле со ниски вредности на антитела, во случај да настане некоја инфекција и развој на симптоми, или ако вредноста на антитела исчезне под мерливата вредност. Тоа може да бидат и стари лица кои не одговориле добро по примените први две дози. За нив ќе има потреба, но не за сите лица“ изјавила, Гњнатовиќ, научна соработничка на INEP-a.

Гњатовиќ укажала дека досега се случиле многу мал број на реинфекции.

„Имало десетина случаи, но, не можам да кажам повеќе за тоа. По природната инфекција се создава задоволувачки имунитет, антителата опстојуваат со месеци по болеста. По настанувањето на антителата, тоа се Б-клетки кои го запамтиле контактот со вирусот.

Тука се и Т-клетките, кои спречуваат болеста да се повтори. Немам податоци дали нешто се променило во последните месец дена, од кога британскиот сој се зачести. Научив дека бројот на реинфекции можеби е малку поголем од претходно“, вели Гњнатовиќ.

Таа напоменува дека вакцините кои се засновани на новиот концепт, даваат брз имун одговор, кој најчесто се мери.

„Одговорите се добиваат по две-три недели, откако ќе се прими првата доза. Втората доза е неопходна за да се продолжи дејството“, вели Гњнатовиќ.

Таа додава дека вакцината „Синофарм“, дава одговор доста подоцна. Синтезата на антителата почнува да се случува две недели од примањето на втората доза, а понекогаш се случува дури и по четири-пет недели, по втората доза.

„Антителата се создаваат кај повеќето луѓе. Кај постарите од 70, воглавно кај мажите, постои тој помал проблем, дека е имуниот одговор е послаб од очекуваниот. Популацијата од 18 години до 65 години добро одговора и речиси сите го имаат очекуваниот имун одговор“, вели Гњнатовиќ.

Таа изјавила дека е забележано дека вирусот постојано мутира, што е и во неговата природа, а колку има повеќе заразени, поголема е шансата да се случат промените.

 „Најопасните се бразилскиот, јужноафриканскиот и британскиот сој, каде се случиле промени во спајк-протеинот, на места каде се важни за заразување на клетките. Сите варијанти брзо се шират“, вели Гњнатовиќ.
Кога станува збор за индискиот сој, кој се нарекува „дупли мутант“, таа укажува дека во тој сој се случиле две значајни промени, но дека нема ништо пострашно од тоа што досега сме го виделе.
Гњатовиќ вели дека според најновите податоци на компанијата „Астра-Зенека“, вакцината покажала ефикасност од 100% заштита од развој на потешки форми на полести, кај популацијата на 80 години.
„Не постојат докази дека се предизвикани потешки феномени, како што е формирање на тромб. Тој е многу голем кај невакцинираната популација. Една доза штити 100 проценти од развој на сериозна слика, 70 проценти од симптоми. Втората доза ја зголемува ефикасноста на 80 проценти. Според истражувањата се очекува заштитата по оваа вакцина, да трае најмалку една година, а се очекува уште подолго. Го следиме истражувањето и лицата кои ја примиле вакцината“, додава Гњатовиќ.
Се укажува дека антителата се создаваат по две три недели по првата доза и дека нивната количина е споредлива со количината на антитела кои прележале повисок облик на инфекција.
„Една мутација е карактеристична за бразилски, друга за калифорниски сој, а двете промени се случило во една варијанта. Тоа може да влијае на брзината на ширењето, но и да ја забави. Треба време да се види како влијае“, нагласува Гњнатовиќ.
Според неа, повеќе загрижува можноста дека таквиот сој ќе биде отпорен на антитела кои постојат по болестите или вакцините. Уште не се знае колку вакцини штитат од новиот сој, но, јасно се покажало дека повеќето штитат од британскиот сој, а помалку за јужноафриканскиот.
Гњатовиќ вели дека паѓањето на вредноста на антитела се случува кај вакцината „Фајзер“ и „Синофарм“, додека кај „Астра-Зенека“ и „Спутник“, стабилно ја одржуваат вредноста.
„Благиот пад е кај одреден број на луѓе, а одговорот е доста индивидувален, таква работа се случива. Не е необично, тоа не е нешто што треба да не загрижи, затоа што тука се Б-клетките, кои ја имаат произведено првата количина на антитела. Ќе бидат активни ако се во контакт со вирусот“, вели Гњатовиќ.
Таа напоменува дека мерењето на количина на антитела е важно за науката, затоа што дава податоци дали одговорот на вакцината е остварен.

 

 

Извор/Курир.рс

Scroll to Top