(Видео) Ослободете се од главоболката без лекови

Јутјуберот Камил К. Ваврзиско тврди дека за две минути може да се ослободите од главоболката без лекови. Тој сподели видео во кое објаснува како да го постигнете тоа. Видеото има повеќе од 4,5 милиони прегледи.

Тајната, вели Камил, е во визуализација на главоболката.

„Дајте ѝ боја, големина, облик и место. Ако се фокусирате на тоа, ќе замислите како болката станува сѐ помала, сѐ додека не исчезне во целост”, објаснува Камил.

Видеото го коментирале над 27 илјади луѓе, а многу од нив велат дека им помогнало.

„Го гледам видеото секој пат кога имам главоболка и го препорачувам на секого“, „Ти благодарам! Ова е веројатно 15-ти пат како го гледам видеото, секој пат ми помага“, „Зошто функционира ова? Потполно сум збунет“, се само дел од коментарите.

Иако Ваврзиско тврди дека овој трик делува, ако главоболката не помага, напијте се апче против главоболка, советуваат лекарите.

Scroll to Top