(Видео) Вежбајте 3 минути за затегнати бутови и тенки нозе

Трејси Андерсон, фитнес инструкторка од Америка, вели дека ја открила совршената вежба што ги топи масните наслаги околу колената и колковите, а нозете ги прави цврсти. Важно е да вежбате секој ден. Вежбите се прават во кревет, а тренингот трае 3 минути и се прави кога ќе се разбудите или пред да си легнете.

1. Зајакнете го предниот дел на бутовите

Легнете на грб, ставете ги рацете покрај телото. Кренете ги двете нозе под прав агол, исправете ги колената што е можно повеќе. Свиткајте ги и вратете ги нозете во почетната положба. Повторете ја вежбата 10 пати. Ако почувствувате дека ви горат мускулите на внатрешната страна на бутовите, добро сте ги направиле вежбите. Кога ќе ги кренете нозете, тие мора да бидат рамни како штица. Поентата е мускулите добро да се истегнат за да се стопат масните наслаги.

2. Затегнете го задниот дел од бутовите

Вежбата се состои од два дела. Прв дел: Легнете на грб, кренете ги нозете и повлечете ги ножните прсти кон таванот. Држете ги колената зближени, па потоа свиткајте ги нозете. Кога ќе ги свиткате нозете, стапалата треба да ви го допираат задникот. Повторете ја вежбата 10 пати. Легнете на грб, нозете се кренати и малку подвиткани. Силно замавнете со нозете кон таванот, обидувајќи се да го кренете задникот што е можно повеќе и да направите свеќа. Немојте да го придржувате задникот со раце. Рацете постојано се потпрени на кревет. Повторете ја вежбата 20 пати. Кога ќе завршите со вежбата, би требало да почувствувате блага напнатост во мускулите од долниот дел на грбот и во бедрата.

3. Истанчете го внатрешниот дел од бутовите

Оваа вежба ќе ви помогне да го истанчите горниот дел од нозете, внатрешниот дел на бутовите и задникот. Легнете на грб и кренете ги двете нозе. Овој пат вкрстете ги десната нога преку левата. Истегнете ги двете нозе и зближете ги една до друга. Потоа заменете ги нозете, сега левата нека ви биде преку десната, но внимавајте нозете постојано да ви бидат затегнати и да вршат благ притисок една на друга. Како да правите ножички во воздух. Повторете ја вежбата 10 пати. Придобивките од оваа вежба најмногу ќе ги почувствуваат тие кои се борат со проширени вени и отекување на нозете.

 

Погледнете го видеото за да видите како точно да ги изведувате вежбите.

Scroll to Top