„Вијаграта“ го продолжува животот, покажа студијата на шведски институт

Истражувачите од шведскиот Институт „Каролинска“ објавија извештај, кој вели дека таблетите за еректилна дисфункција „вијагра“ може да им помогнат на пациентите со кардиоваскуларни заболувања и на тој начин си го продолжуваат животот.

Студијата беше објавена во американскиот колеџ-журнал „Кардиологија“, а резултатите покажуваат дека мажите со коронарна артериска болест, на кои им е препишана „вијагра“ за импотенција, изгледаат поздраво и имаат помал ризик од срцев удар.

„Кога мажите влегуваат во златните години, најмалку 70 % од нив доживуваат импотенција: проблемите со протокот на крвта влијаат на нозете, високиот крвен притисок и високиот холестерол.
Нарушувањето се третира со „алпростадил“, кој ги шири крвните садови и помага во стимулирање на пенисот, или со инхибитори на PDE5, како што е „вијаграта“. Апчињата се пијат пред секс со цел да се зголеми протокот на крв пред да се подобри расположението“, стои во текстот од „Кардиологија“.

„Проблемите со потенцијата се чести кај постарите мажи, а сега нашата студија исто така покажува дека инхибиторите на PDE5 може да штитат од срцев удар и да го продолжат животот“, изјави водечкиот автор Мартин Холцман од Институтот „Каролинска“ „Заштитата беше зависна од дозата, па колку е почеста дозата на инхибиторот на PDE5, толку е помал ризикот“.

Холцман и неговиот истражувачки тим сугерираат дека мажите што веќе претрпеле срцев удар и зеле „вијагра“ или „сијалис“ во форма на апчиња покажале знаци на продолжен животен век и намалување на бројот на нови срцеви удари и срцева слабост.

Во студијата биле вклучени 16.548 мажи од Шведска, кои имале и еректилна дисфункција и срцеви заболувања. Речиси 2.000 испитаници добиле „алпростадил“ а преостанатите „вијагра“.

Scroll to Top