Виното од капини лечи анемија

Виното од капини има висока хранлива и лековита вредност, како за здрав така и за болен организам. Експертите велат, лекува анемија. Има специфичен благ мирис и многу пријатен вкус. Содржи 4% алкохол и во него се сочувани минерали, шеќери, посебно витамин Ц и железо, кои многу брзо стигнуваат во крвта и во краток рок ја креваат виталноста на организмот. Го зајакнува срцето и крвните садови и ја поттикнува циркулацијата.

Виното од капини се препорачува како дополнителна терапија на лица со ослабен имунитет, за младите жени и мајки, за лица со слаб апетит, како и на оние кои поради брзото темпо на живеење, несоодветно се хранат. Виното од капини има одлично влијание на крвната слика, го зголемува бројот на еритроцитите, нивото на хемоглобин,
железо како и магнезиум. Железото од виното придонесува за создавање црвени крвни зрнца, со што значително се подобрува целокупниот квалитет на крвта и помага при анемија.

Неговото редовно консумирање доведува до намалување на лошиот холестерол, кој се таложи на ѕидовите на крвните садови и предизвикува хипертензија и склероза.

Scroll to Top