Во Британија откриен нов суперсој на коронавирусот, тврди научник од „Оксфорд“

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, кој е професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, тврди дека се појавила уште една нова мутација на британскиот вид коронавирус и ја нарекува суперсој.

Британската варијанта на вирусот беше откриена лани во декември, но сега е веќе доминантен вид во земјата бидејќи повеќе од 50 проценти од луѓето се заразени со него, пишува „Јутарњи“.

„Откриено е и дека овој британски вид има мутација што потекнува од јужноафриканската варијанта. Сега имаме нов суперсој на британската варијанта со јужноафриканска мутација“, вели Рамадан.

Тој додава дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани речиси 13 милиони луѓе, а се очекува 15 милиони да бидат вакцинирани до средината на февруари.

Во однос на вакцината од „Астразенека“, Рамадан вели дека е еднакво ефикасна како и другите и дека последните податоци покажуваат оти штити и создава еднаков имунитет кај сите возрасни групи, пренесува ХРТ.

„Најновите клинички испитувања покажуваат дека од вакцината на ‘Астразенека’ се развива имунитет по 20-ина дена во 76 проценти од случаите по првата доза, а по втората доза, штити и до 85 проценти од случаите“.

На прашањето дали појавата на новиот вид најавува трет бран на епидемијата, Рамадан одговорил дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки што ќе ги воведат земјите.

Scroll to Top