Во Македонија 41 лице заразено со ХИВ годинава, сите се мажи

Оваа година во Македонија има 41 нов случај на лица заразени со ХИВ, сите мажи, откри Институтот за јавно здравје. Повеќето од нив се од Скопје и се хомосексуалци. Најмладиот заразен со ХИВ вирусот има 21 година. Според претпоставките на Институтот, на секој откриен случак, има уште еден ХИВ-позитивен кој не знае дека е заразен со вирусот.

Според податоците, во Македонија антиретровирусна терапија земаат 217 лица со ХИВ. Годинава тројца пациенти починале од сида. Првиот случај на ХИВ позитивно лице во земјава е забележан пред 31 година. Оттогаш се регистрирани 400 инфицирани со ХИВ вирусот, од нив 99 лица починале од сида.

Годинашното мото на Светската здравствена организација во борба против ХИВ и сидата е „Осознај го својот статус“. Кон ова се приклучија и македонските здравствени работници кои денес апелираат на безбеден секс, користење кондом и тестирање за ХИВ-вирусот.

Scroll to Top