Вода со лимон, наместо утринско кафе

Според експертите, чаша топла вода со лимон е поефикасна за расонување од кафето. Но, има и други бенефити за човечкиот организам.

Го подобрува варењето и да ги намалува отоците

Пијалакот ги топи масните наслојки оти се пие на празен желудник, веднаш по будењето. Истовремено, ги намалува отоците на нозете бидејќи ве тера почесто да мокрите. Но, ги намалува и подочниците.

Кожата станува почиста

Ако пиете лимон со топла вода секое утро подолг период, кожата ќе ви стане почиста. Ова особено им одговара на луѓето со мрсна кожа оти течноста го чисти организмот од вишокот течност и токсини.

Го намалува кашлањето

Бидејќи секое утро во организмот внесувате топла вода и голема количина витамин Ц, топлиот пијалак го намалува кашлањето, но го одзатнува и носот.

Scroll to Top