Војничка диета

Војничката диета значи строг режим на исхрана до кој морате точно да се придржувате доколку сакате да ослабете . Не  прескокнувајте ги оброците. По трите дена, еден ден направете пауза, и повторете ја диетата уште три дена.

 

Прв ден

Појадок: Половина грејпфрут, парче тост со две лажици путер од кикиритки, незасладено кафе или чај.

Ручек: 115 грама туна, парче тост, незасладено кафе или чај.

Вечера: 80 грама од кое било месо, 100 грама грашок, половина банана, мала јаболка и 300 грама сладолед од ванила.

 

Втор ден

 

Појадок: Јајце, половина банана, парче тост.

Ручек: Свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери.

Вечера: Две виршли без леб, брокула, 115 грама рендан морков, половина банана и 100 грама сладолед од ванила.

 

Трет ден

Појадок: Кафе или чај со една до две лажички шеќер, пет солени крекери, 30 грама сирење и едно мало јаболко.

Ручек: Тврдо варено јајце и едно парче тост.

Вечера: 115 грама туна, половина банана и 200 грама сладолед од ванила.

Scroll to Top