Зачинете ја водата за експресно топење на масните наслаги!

Секако дека ова нема да ви помогне доколку не внимавате што јадете и како вежбата, но дефинитивно ќе го забрза процесот.

Наjуспешната метода за топење на маснотиите и вишокот килограми е одамна позната, правилна исхрана која чини пет мали и здрави оброци дневно во комбинација со редовно вежбање ќе ве доведе во посакуваните резултати, но целата приказна е непотполна без осумте чаши обична вода дневно. Но, доколку сакате губењето килограми и топењето масти дополнително да го забрзате, сè што треба да направите е малку да ја зачините водата.

Во обичен литар филтрирана или зовриена вода додадете едно јаболко исечено на кришки и еден крекер или две чајни лажички цимет. Подготвениот напиток пред консумација оставете го да отстои барем еден час, а добиената количина испијте ја во два дена. За посакуваниот учинок доволно е сè на сè само 4-5 децилитри од овој напиток дневно.

Овој напиток, всушност, нема калории и содржаниот цимет го стабилизира нивото на шеќер во крвта што ќе допринесе до побрзо губење на вишокот килограми. А освен што го забрзува слабеењето, овој напиток го забрзува и метаболизмот и е одличен за детоксикација. Дополнителен плус е тоа што е екстра освежувачки. Испробајте го, а ние ви ветуваме дека нема да зажалите!

Scroll to Top