Мажите кои живеат во близина на главни сообраќајници, односно се повеќе изложени на загаден воздух, имаат поголем ризик од проблеми со ерекција и неплодност, покажуваат најновите истражувања на Универзитетот Гуангџоу во Кина. Скопје е меѓу првите пет најзагадени градови со светот.
Во лабароториските испитувања направени на стаорци било утврдено дека оние изложени на загадување какво што има во близина на прометни сообраќајници имале повеќе проблеми со еректилна дисфункција.
Во испитувањето имало четири групи. Првата група била изложена на загаден воздух два часа дневно во текот на три месеци, втората на четири часа, третата на шест, а четвртата, контролна група, била поштедена од вдишување загаден воздух, стои во извештајот од истражувањето објавено во стручното списание Journal of Sexual Medicine.
Резултатите ги загрижува научниците бидејќи тоа значи дека токсичните честички влегуваат во крвотокот и стигнуваат до гениталиите, отежнувајќи го протокот на крв, а тоа резултира со знаци на еректилна дисфункција.
Тоа не е единствениот проблем што го предизвикува загадувањето, а се одразува на сексуалниот живот на мажите – загадувањето влијае и на капацитетот на белите дробови, што значи дека мажите кои се изложени на загаден воздух побрзо се заморуваат за време на секс и имаат помала издржливост.
Загадувањето може да влијае и на плодноста кај мажите. Машката неплодност пред 20 години беше причина за брачна неплодност во 20% од случаите, а денес изнесува 40%. Мажите изложени на загаден воздух имаат поголем ризик од неплодност, во споредба со здрави мажи кои се помалку изложени на загадувачи или воопшто не се.