Медот е вистинско чудо на природата, намирница богата со ензими и хранливи состојки кои имаат позитивни ефекти по нашето здравје. Медот е еден од најпознатите народни лекови за скоро сите состојби.
Една лажичка мед има 64 калории и 17 грама шеќер (фруктоза, глукоза, малтоза и сахароза). Покрај тоа има и витамини, минерали, антиоксиданси. Една лажичка мед дневно е доволно да го освежите организмот.
Што може да очекувате ако почнете секојдневно да јадете по малку мед?
Пониско ниво на холестерол
Медот го намалува нивото на лошиот холестерол, а самиот не содржи холестерол туку е пребогат со хранливи состојки.
Посилно срце
Антиоксидансите во медот се добра превенција од насобирање наслаги на ѕидовите на артериите.
Подобра меморија
Досегашните истражувања покажале дека медот ја подобрува меморијата, го ублажува стресот и ја обновува одбранбената моќ на клетките благодарение на антиоксидансите кои го неутрализираат штетното дејство на слободните радикали.
Поздрав стомак
Силното антисептично дејство на медот е добра превенција за проблемите со варење. Секојдневното консумирање го намалува бројот на лоши бактерии во цревата и помага зараснување на малите повреди на слузокожата.
Поубав тен
Медот е моќен антиоксиданс така што ќе го забави дејството на слободните радикали, а со самото тоа и стареењето. Антибактериските својства ќе направат мозолките поретко да се појавуваат на кожата со што тенот ќе биде поубав.
Покрај сите овие позитивни ефекти од медот важно е да се каже дека содржи состојки делотворни во намалувањето на ризикот од поединечни типови на рак, тие состојки ги ублажуваат симптомите на настинка и грип благодарение на антибактериските својства. Доколку страдате од несоница, вознемирени сте и под стрес, најдобар избор за вас е багремов мед. Ако имате проблеми со дишните патишта тогаш консумирајте липов мед.