Жените глумат оргазам: Секс совети за да биде вистински

Според статистиките, околу 70% од жените не доживуваат оргазам во текот на сексуалниот однос. И многу често лажат дека дожиевале.  Време е да ја исправите ситуацијата и да научите како конечно да добиете вистинско задоволство.

Превез на очите

Докажано е, кај „слепите“ личности сите останати сетила се поправаат, се заоструваат мирисот, допирите, звуците се потполно поинакви и многу посилни… затоа неа пропуштајте ја шансата да доживеете потполно нови сензации. Можете да го врзете партнерот или себе или можете и двајцата тоа да го направите.

Побарајте ги ерогените зони

Најчестиот проблем кај девојките кои никогаш немаат оргазам е тоа што ни самите не знаат што сакаат. Одговорот на тоа прашање ќе ви го даде вашето тело: мастурбирајте, милувајте се и допирајте се – единствен начин да откриете кои подрачја се најчувствителни и кога ви е најдобро.

Откако ќе откриете сè за себе префрлете се на партнерот, проучете го секој сантиметар од неговото тело. Знаејќи ги сите ерогени зони меѓусебно, ќе ви биде полесно да си пружите максимално задоволство.

Кажете му што да прави

Сите доживуваат различни сексуални искуства, а видовитите се ретки меѓу луѓето. Затоа средба со маж кој веднаш ќе сфати како да ви угоди во креветот е прилично тешка. Помогнете му на својот партнер, директно кажете му што најмногу ве возбудува и што воопшто не ви се допаѓа. Не молчете и не затворајте се, затоа што само таложите незадоволство и огорчување спрема партнерот.

Експеримент

Никогаш немојте да се плашите да испробате нешто ново: поза, локација, играчки. Ако сексуалниот живот ви стане монотон, досаден, а вие веќе се чувствувате како пензионер, зошто тогаш не промените сѐ во еден ден? Разгледајте ги секс-шоповите, резервирајте хотелска соба, одлучете се на секс на јавно место…. всушност, направете сѐ што досега не се го направиле – само доколку тоа би ве возбудило и двајцата.

„Исклучете“ ја главата

Сите рецептори одговорни за задоволство се наоѓаат во мозокот. Затоа, ако дома во кревет вашата глава е сѐ уште зафатена со проблемите на работа (или семејните проблеми, или сте загрижени дали тој ќе ги забележи стриите на половината), оргазмот нема да се случи. Под итно истерајте ги сите вознемирувачки мисли и потполно предајте му се на процесот. Нацртајте ја еротската слика во главата (нека биде тоа вашата откочна штица) и сконцентрирајте се исклучиво на сензациите.

Пробајте кокосово масло

Малку луѓе знаат дека тоа е најдобриот лубрикант на светот. Веднаш ќе ја почувствувате разликата: пријатната природна арома е потполно поинакво ниво на чувствителност. Убав бонус, во текот на предиграта кокосовото масло може да се користи како масло за масажа (притоа, совршено хидратира и ја негува кожата).

Scroll to Top