Жените повеќе сакаат да мастурбираат отколку да имаат секс

Истражувањето на компанијата за производство на играчки за возрасни, Tenga, во кое учествувале 10.000 мажи и жени, покажало дека голем дел од нив повеќе сакаат да мастурбираат отколку да имаат секс. Дури 27 отсто од жените и 21 отсто од мажите изјавиле дека мастурбирањето им е многу попријатно од сексот и дека повеќе уживаат сами отколку со партнерот или партнерката.

Според истражувачите, проблемот е во сексуалната анксиозност што ја чувствуваат голем број на мажи и жени. Тие стравуваат дека ќе бидат лоши во кревет и чувствуваат притисок, оти имаат нереални визии за сексот. Затоа повеќе сакаат да мастурбираат отколку да бидат критикувани дека се лоши во кревет.

93% од мажите и 88% од жените признале дека редовно мастурбираат, но голем број жени овој факт го кријат од своите партнери.

Scroll to Top