Жените стареат поради нередовен секс

Со регуларен сексуален живот можат да се пофалат 45% од жените во западните земји, според статистиките. Кај други 30% сексот е периодичен, а кај останатите тој или недостига или се случува многу ретко. Во исто време лекарите уверуваат дека недостигот на секс влијае негативно врз здравјето на жените  – како од физиолошка, така и од психолошка гледна точка. Се смета дека една возрасна жена има потреба од 2 до 5 пати секс неделно. Негативните последици од недостигот на регуларен сексуален живот се појавуваат уште по 2-3 месеци од сексуалната апстиненција. Жената станува раздразлива, без повод може да подигне глас, да се кара или да се расплаче. Недостигот на секс особено јасно влијае врз надворешниот изглед на жената –  се оштетуваат кожата и косата и побрзо се појавуваат првите знаци на стареење.

Scroll to Top