Млад маж под дејство на алкохол се обидел да удави мечка во зоолошката градина во Варшава откако провалил во кафезот.
Откако 23-годишниот Полјак се пробил во кафезот на мечката Сабина и таа го забележала, тој во паника скокнал во водата, аи таа тргнала по него. Потоа се гледа како мечката ја натопила главата во водата, пред шокираните посетители на зоолошката градина која неодамна ги отвори вратите откако се смири пандемијата со коронавирус.
Мажот на крајот успеал да избега со ситни рани и е пренесен во болница. Портпаролот на зоолошката градина соопшти дека мечката не е повредена, но е под стрес.
“Таа припаѓаше на циркус и беше навикната на присуство на луѓе, но апсолутно не очекуваше човечки напад. После тоа, таа седеше нервозно во водата додека не дојдоа нејзините старатели”, вели портпаролот. Тој додава дека мажот имал среќа што само Сабина се наоѓала во кафезот која „иако е во добра состојба за нејзината возраст, не е многу ефикасна мечка“.
Зоолошката градина исто така вели дека планира да ги преземе сите расположиви законски чекори за да го изведе сторителот пред лицето на правдата, се вели во соопштението.
Мажот избегал, а подоцна бил пронајден во болницата со исекотини на рацете, каде бил казнет со 850 злоти (околу 180 евра), пренесува Дејли Меил.