Познат руски спортист среде свадба доби голи фотки од невестата со порака дека е проститутка

Рускиот борач Заурбек Сидаков среде својата венчавка добил пораки дека неговата сопруга Мадина Плијева е проститутка, а потоа следувале и фотографии од неа целосно гола, пишува британски „Сан“.

Среде прославата на венчавката, фотографии и тврдењата дека Плијева е проститутка, која се гледала со богат оженет бизнисмен, започнале да им доаѓаат и на мобилните телефони на гостите на венчавката.

Медиумите објавија дека борачот танцувал традиционални танци во моментот кога почнале да пристигнуваат пораки, а невестата била во соседната соба. Сидаков ги видел пораките, се изнарвирал и во бес тргнал по невестата. Според изворите, тој ја повлекол за коса и ја избркал од салата каде била прославата.

Семејството ја однело во болница, а наводно  нејзиниот татко доживеал срцев удар.

Нејзините пријатели тврдат дека Мадина е од богато семејство и дека не е проститутка, но дека е вистина дека пред неколку години била во врска со оженет маж кому му праќала слики. Младоженецот, наводно, ги добил сликите од сопругата на мажот кому Мадина  му била љубовница.

Scroll to Top