Американец ги тужи родителите оти му ја фрлиле порноколекцијата

Маж од американската сојузна држава Мичиген ги тужи своите родители, оти му ја фрлиле колекцијата со порносписанија, филмови и сексуални помагала, вредна околу 29.000 долари. 40-годишниот маж од родителите побарал отштета од 85.000 долари.

Тие неговата порноопсесија ја споредиле со зависност од кокаин и пред судот рекле дека тоа го направиле за негово добро. Порноколекцијата на Американецот била спакувана во 14 кутии. Тој во 2016 година се развел и се вратил дома кај родителите. По 10 месеци се иселил и ги замолил да му ги испратат неговите работи на новата адреса во Индијана. Од нив добил сè, освен кутиите со порноматеријали.

Мажот за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште. Според неговиот татко, тој бил исфрлен од факултет зашто го фатиле како дели порноматеријали на други студенти.

Судот ја отфрлил тужбата против родителите.

Scroll to Top