Англичанец ја накитил куќата со бомби, па за малку ќе го кренел целото село во воздух

Англичанец ја накитил куќата со бомби за кои мислел дека не работат, па за малку ќе го кренел целото село во воздух, пишува „Метро“. Инцидентот се случил во местото Корнвол во Англија, каде полицијата ги затвори главните патишта и гаража за автобуси.

Бомбите ги виделе откако добиле повик и направиле рутинска посета. Стигна и бомбашки одред и ги отстрани. Мажот објасни дека ги купил за украс и дека не знаел дека се активни. Полицијата рече дека нема да покренат обвинение и дека нема да се соочи со никакви мерки.

„Откако добија повик, полицијата најде три бомби за кои смета дека се рачни. Ги најдоа внатре во имотот“, рече портпаролот и додаде дека тим за отстранување на експлозивни смртоносни средства од Кралската морнарица бил повикан да изврши проценка и да ги отстрани“, пренесе „Метро“.

Бил затворен локалниот пат и направена е евакуација. Брзо потоа бил пуштен во употреба. 

„Службениците разговараа со сопственикот на имотот, кој рече дека бомбите ги купил со најдобра намера. Сакал да го украси домот и не верувал дека биле исправни. Никакви понатамошни полициски активности нема да бидат превземени“, пишува „Метро“.

 

Scroll to Top