Англичанката Аманда Либерти на 33 години почнала врска со своите лустери и неодамна се сврши со еден од нив. Свршеникот-лустер се вика Лумиер. Во нејзиниот дом има 25 висечки ламби и има потрошено стотици долари за некои од најомилените.
Аманда вели дека љубовта со Лумиер била на прв поглед.
„Од моментот кога за првпат го видов Лумиер знаев дека тој е за мене и дека тоа е љубов на прв поглед. Не можев да престанам да размислувам за него, неговиот прекрасен облик и за прекрасната енергија што ја емитува. Во мојот дом пристигна расклопен за да не се оштети, јас брзо ги склопив парчињата и го пречекав во неговиот нов дом“, вели Аманда.
Аманда се идентификува како „објект-сексуална“, што значи дека ја привлекуваат предмети. На 14 години се вљубила во тапани, а подоцна во Статуата на слободата, oд каде и го земала презимето Либерти.
„Не можеш да имаш контрола врз тоа во кого ќе се вљубиш. Мојата работа од соништата би била да работам во јавни згради, како палатата Бакингем, гледајќи ги грандиозните лустери што се наоѓаат таму“, вели таа.