Балонот со Доналд Трамп во пелени ќе стане дел од колекцијата на музејот во Лондон

Лондонскиот музеј објави дека џиновскиот балон во форма на Доналд Трамп ќе стане дел од неговата колекција. Тоа е илустрација на протестите што ја следеа посетата на американскиот претседател на Лондон во 2018.

„Со ова дело можеме да го одбележиме тој бран на чувства што дента го обзедоа градот, па и да го доловиме тој одреден момент на отпор“, рече директорката на музејот, Шерон Амент.

Балонот на кој Трамп е претставен како портокалово расплакано бебе во пелени ќе биде дел од музејската колекција поврзана со протести, во која ќе има артефакти од разни демонстрации.

Балонот на Трамп е дело на група пријатели што во паб во Лондон правеле планови како да ги изразат своите ставови против неговата политика. Балонот леташе пред Парламентот на 13 јули 2018 кога на улиците излегоа илјадници луѓе.

Scroll to Top