Васко Жабата, бизарната песна која го полуде Балканот, достигна 4 милиони прегледи на „Јутјуб“. А, деновиве ако ѕирнавте на „Тик-ток“ сигурно сте го слушнале текстот: „На гитарата Васко Жабата, свири драги гости само за вас“. Бугарската народна песна, стара осум години, стана хит на социјалните мрежи, а младите (особено од земјите во регионот) ја направија тренд на „Тик-ток“.
Иако на прво слушање е сосема бизарно и бесмислено, текстот всушност е за гитаристот на оркестарот „Камчија“, човек по име Васко Жабата. „Васко Жабата е на гитарата, ќе свири, драги гости, само за вас“, се вели во незаборавната реплика што го преплави „Тик-ток“. Песната, која сега е преименувана во „Васко Жабата“, првично се вика „Комбајна-вршачка“.
Откако песната стана хит на „Тик-ток“, на „Јутјуб“ достигна преку 4 милиони прегледи.
„Не знам како функционира хероинот, ама најверојатно слично на ова. Трет ден телото не престанува да ми го бара овој натприродно слушлив звук“, „Колку подолго го слушам, сè повеќе го откривам совршенството на ова ремек дело“, „Да живее Васко Жабата, фала му што ни подари ваква музичка класика“, се само дел од коментарите.
@bea_casthene HOW TO REMOVE KEYCAPS 🥰 #trending #gaming #mechanicalkeyboard #Neuteq #Beacasthene ♬ original sound – Lofi_lyrics
@ne_sedi_na_ladnom_betonu #nagitaratavaskozabata #goviral #ocunafyp #foryoupage ♬ Комбайна-вършачка – Оркестър Камчия
(Видео) И глумците од „Брејкинг бед“ ги здоболе глава од Васко Жабата