Џиновски песнис на тревник се појави во британска населба на денот на крунисувањето на Чарлс

Триесет метарски џиновски пенис искосен на тревникот од екслузивната населба „Кралска полумесечина“ во Бат ги изненади жителите на ова место предкрунисувањето на кралот Чарлс.

Според британските портали, уметниците го коселе тревникот во текот на ноќта, каде што треба да се одржи прослава на крунисување на кралот денеска на 6 мај.

Тревникот често се нарекува како е една од клучните знаменитости на градот во областа која има статус на светско наследство на УНЕСКО.

Во чест на крунисувањето на Чарлс се планирани улични забави, излети и собири низ ОК, вклучително и на теренот на Кралската полумесечина во Бат, која првпат била изградена во 1767 година и е во грузиски архитектонски стил.

„Кралската полумесечина“ секоја година привлекува голем број туристи и многумина уживаат во далеку познатите Британски тревници, а новодизајнираната знаменитост во најмала рака, е во спротивност со околината на споменикот од 18 век.

Scroll to Top