Двејн Џонсон се заглави во Порше Тајкан

By

Речиси два метра високиот и 118 килограми тешкиот Двејн Џонсон не „го собира“ во Порше Тајкан. Тој на Инстаграм го пренесе и целиот дијалог меѓу него и режисерот Росон Турбер.

Имено, за потребите на филмот „Црвен бележник“ (Red Notice), глумецот и поранешен борач познат како „Карпата“ успеал да се пикне во малото возило, но останал заглавен.

„Обидот на Д.Џ. заврши само со негово заглавување, оти грбот му е малку преширок. Росон се изнасмеа“, пишува Џонсон, говорејќи за себе во трето лице.

Акциониот трилер „Red Notice“ на Нетфликс е најавен за следната 2021 година. Во него, освен Карпата, ќе глумат и Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.

 

Ќе ви се допадне