(Фото) Бабичка која многу наликува на Доналд Трамп

By

Бабичка од Шпанија станала славна на социјалните мрежи поради сличностa со американскиот претседател Доналд Трамп.

Откако новинарката која известувала за земјоделството во северозападниот дел на Шпанија објавила на „Инстаграм“ фотографија од Долорес Леис, следеле бројни коментари за поврзаноста на американскиот претседател со бабата , пишува „Дејли мејл“.

Долорес Леис на фотографијата е облечена во работно одело, со мотика преку рамото, а сликана е на нејзината фарма во Нантон.

„Изгледа дека мојата фотографија далеку отпатувала. Мислам дека тоа е поради мојата боја на коса“, изјавила Долорес за еден шпански медиум.

Откако  стекнала слава на социјалните мрежи, барале од Долорес да ја коментира надворешната политика на САД и меѓународните прашања, иако таа повеќе била а загрижена зардаи  бубачките што го напаѓале нејзиниот компир во нивата.

Долерес веќе 40 години е во брак и целиот свој живот го живее во Кабана де Бергантинос.

Таа не користи мобилен телефон и не ја интересираат социјалните мрежи.

„Никогаш не сум била заинтересирана да имам мобилен телефон, но ќерка ми постојано ми покажува некои работи на интернет. Ми рече дека мојата слика ќе стане позната, но не ми беше јасно зошто“, открива Долорес.

Корисниците на социјалните мрежи за нивната сличност пишуваат:

„Еден седи во Белата куќа и е лидер на слободниот свет, другиот живее во скромна куќа во рурален дел на Шпанија, но толку се случни како да се близнаци раздвоени по раѓање“, напишал еден корисник на „Твитер“.

Друг додал дека на фотографијата „претседателот Трамп е во посета на Шпанија и  тука направил фотосесија“, додека една девојка напишала  „Долорес е многу фина дама, но е вистинско проклетство што личи на Трамп“.

 

 

 

Ќе ви се допадне