(Фото) Диви свињи на нудист му го украдоа лаптопот

Во Берлин се случил мал инцидент на месно за одмор на нудисти.

Дива свиња со две младенчиња украла пластична кеса во која имало лаптоп од еден од нудистите.

Голиот човек кога видел дека дива свиња му ја украла торбата, започнал да ја брка, во време кога во излетничката област имало околу 20 лица, јавува ББЦ.

На фотографиите што се појавија на социјалните мрежи се гледа средовечен маж како брка дива свиња која ја носи украдената торбата и бега заедно со нејзините две младенчиња.

Ова не е прв пат животните да украдат работи од луѓе – пред неколку дена, исто така, во Берлин, е откриена лисица како краде чевли од луѓето и влечки што ги оставиле во градините.

Scroll to Top