(Фото) Путин го извлече заглавениот брод во Суецкиот канал

На социјалните мрежи, „твитерџиите“ почнаа да се шегуваат и да го извлечат најдоброто од најлошото во драмата која се случи деновиве, откако бродот Ever Given, се заглави во Суецкиот канал. Тие создадоа добар хумор, а еден од примерите е како Путин би го решил целиот проблем.

За потсетување, минатата недела бродот Ever Given се заглави и го блокираше Суецкиот канал, па поремети добар дел од светската економија.

Извлекувањето е при крај, а бродот малку се придвижил и бил делумно ослободен. Деновиве се очекува тој да заплови, како и стотината бродови позади него, кои исто така чекаат да минат.

 

Scroll to Top