(Фото) Во наддавањето за името стигнавме до Северина

By

Денеска во Њујорк министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, повторно преговараа за името на земјава. По средбата, медијаторот во преговорите Метју Нимиц изјави дека тие разговарале за неколку имиња, од Илинденска, па Горна и Долна, Северна Македонија. Во наддавањето за името, Македонија стигна до „Северина МакедоНЈа“.

Оваа ненамерна грешка предизвика мајтап на социјалните мрежи, а твитерџиите рекоа дека оваа варијанта е најприфатливо име и за нас.

 

Ќе ви се допадне