Фудбалер дошол пијан на натпревар, па за 30 минути дал 3 гола

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, во периодот додека играл за францускиот тим Лил, дошол на еден натпревар пијан и успеал да даде дури 3 гола.

Неговиот соиграч во тоа време Рио Мавуба, рече дека тој на 20 мај 2012 година го играл последниот натпревар за францускиот тим, пред да се пресели во Челзи, а претходната ноќ направил проштална забава.

„Сакаше да се прости со сите нас. Ни приреди луда забава, еден ден пред мечот со Нанси. Цела ноќ пиеше, сабајлето се уште беше пијан. Подоцна против Нанси постигна 3 гола за 30 минути“, открил Мавуба.

Лил го совлада Нанси, во последното коло со 4:1. Азар головите го постигна во 10., 27. и 34.минута.

Scroll to Top